Не е лесно да се живее со жената родена во овој знак, но вреди да се борите за нејзината љубов

Жената родена во овој хороскопски знак знае дека во животот најважна е искреноста. Таа е темпераментна, заводлива и бунтовна. Станува збор за жената Лавица. Само луѓето со големо срце можат да ги освојат припадничките на овој знак. Иако е огнена и жестока, Лавицата секогаш се сомнева во тоа дека некој би можел вистински да ја сака и затоа понекогаш делува премногу заштитчнички настроена.

Ќе има периоди кога таа ќе добие потреба слободно да се движи низ светот и без никакво објаснување ќе тргне на својот пат. Ќе го впива животот со сите нејзини сетила, бидејќи само така може да разбере како функционираат работите. Во моментот кога ќе помислите дека ве заборавила, нејзиното срце ќе ве замоли да бидете трпеливи, бидејќи таа ќе ви се врати веднаш штом добие прилика. Нејзе ѝ треба таа слобода за да ја нахрани креативноста и сите искуства ќе ви ги пренесе и вам. Таа нема да се обидува да ве смени, туку ќе ве прифати такви какви што сте, а истото ќе го очекува и од вас.

Пред да ви го подари целото нејзино внимание, таа мора да стекне доверба. Ќе чека да ѝ се отворите и да ѝ го покажете вашето срце. Почитувајте ја и неа и себеси. Понекогаш Лавицата знае да биде нетрпелива и многу ранлива. Бидете тука за неа во тие моменти. Помогнете ѝ да застане на две нозе по доживеаниот пад. На Лавиците најтешко им е да ја покажат нивната ранливост, така што ако добиете можност да ги видите во такво светло, никако немојте да го злоупотребите тоа. Таа секогаш ќе ви биде благодарна што сте биле тука за неа и ќе знае како да ви возврати. Дајте ѝ поддршка и дозволете ѝ полека да созрева.

Ќе чуете многу предрасуди за Лавицата која ви „фатила“ око. Ќе ви кажат дека таа обожава да биде во центарот на внимание и дека трага по богатство и накит. Ќе ви кажат дека егото владее со нејзиното срце и дека таа е горделива мачка која не прифаќа никаква критика ниту совет. Во сето ова има ронка вистина, но верувајте дека ако ве засака, таа нема да се срами да ви го покаже тоа пред целиот свет. Таа нема да копнее по замок на морскиот брег, туку по колиба во шума каде што ќе можете да седите покрај река и да разговарате со часови, изолирани од целата цивилизација. Лавовите знаат дека вистинското животно богатство лежи во скромните моменти на смеа и меѓусебно разбирање.

Таа ќе се чувствува како кралица ако ѝ подарите цвеќиња и ако ја одведете на широка полјана за да ги набљудувате ѕвездите заедно. Вистина е дека Лавицата е полна со гордост, но немојте тоа го измешате со ароганција. Припадничките на овој знак знаат да ги ценат малите нешта и да уживаат во животот. Сѐ што прават, прават од срце, бидејќи тие сакаат да ја одржат хармонијата во врската и да ви ја покажат љубовта. Но, никогаш немојте да престанете да ги освојувате, бидејќи нивната љубов може да згасне доколку се почувствуваат несакано.

Лавицата е тврдоглава, но љубезна, а нејзиното сочувствување допира и до најскриените катчиња на Земјата. Нејзиното срце крие сѐ: Радост и тага, смеа и солзи. Можеби ќе посакате да ги замотате рацете околу неа и никогаш да не ја пуштите, но нејзе ѝ треба слобода и време за себе.

За да можете вистински да ја сакате Лавицата, мора прво да се сакате себе. Просторот во вашата врска нека биде како море чии бранови ќе ви помогнат да го чуете гласот на нејзиното срце.