Не е доцна...

Никогаш не е доцна да го направиме она што е суштински важно за нас.

Photo by Roberto Nickson on Unsplash

Нема потреба од страв. Можеби долго сме одложувале, сме мислеле дека треба да дојде момент кога ќе бидеме подготвени, но некогаш само треба да го направиме првиот чекор.

Не е доцна да напишеме книга за нашиот живот.

Не е доцна да ја завршиме врската која не ни носи никаква вредност.

Не е доцна да им се јавиме на пријателите со кои сме изгубиле контакт, а кои сепак ни недостасуваат.

Не е доцна да почнеме да пиеме чај, иако претходно сме го избегнувале тоа.

Не е доцна да се поврземе со нови луѓе, преку различни хобија и интереси. 

Не е доцна да направиме пауза од социјалните мрежи.

Не е доцна да го видиме нашиот омилен град од соништата за прв пат.

Не е доцна да читаме книги, класици кои се заборавени во денешното модерно живеење.

Не е доцна да ја најдеме својата професија.

Не е доцна да се ослободиме од минатото и грешките.

Не е доцна да научиме нов јазик

Да сакаме и да бидеме сакаме.

Не е доцна да уживаме. 

Не е доцна да почнеме од почеток.

Повторно, но поинаку.