Не дозволувајте да ви украдат ни еден час од вашиот живот

Една жена се жалела. Нејзиниот сопруг не ѝ честитал роденден, ја навредувал, понижувал. Не ѝ купил дури ниту една ситница. Возрасните деца само ѝ пратиле порака. И седела дома и плачела. Наполнила 50 години. Таа не сакала да приговара. И на крај ѝ се пожалила на една другарка со која се запознала преку интернет и за која не знаела многу информации.

Таа ја прашала: „Каде живееш? Ако сакаш, ќе дојдам кај тебе, ако си во близина. Попатно ќе купам вкусни хамбургери или пица. Ќе купам газирани сокови. И крцкав компир. И сето тоа ќе го изедеме, па ќе одиме во кино. Ако си далеку или не сакаш да дојдам, направи го ова сама. А потоа појди во кино. Нашминкај се, дотерај се, радувај се! Уживај во животот! Никому не дозволувај да ти го украде роденденот. Секој ден е подарок, секој ден е празник. Јас тоа добро го знам.“

А госпоѓата која се жалела прашала: „Вие сте психолог?“

А другата жена одговорила: „Не. Јас сум медицинска сестра која работа на одделението за интензивна нега.“

Поуката тука е дека не смеете да си дозволите себеси да ви украдат ниту еден ден од животот. Ниту еден час од вашиот живот. Купете си нешто убаво, одете на убаво место, дружете се и облечете го најубавиот фустан. Ова е совет од специјалист кој секојдневно гледа колку е животот краток, колку е скапоцен.

Психолог Ана Кирјанова