Не дозволувајте да се вратат откако еднаш ќе заминат!

На почеток ќе биде прекрасно. Бура од чувства, бран од мир и задоволство – се во исто време. Тие ќе направат да се почувствувате како никогаш досега. Вашата душа повторно ќе биде жива, како малечко дете кое го гледа светот за прв пат. И за прв пат после многу долго време, вие ќе се чувствувате целосни. Ќе мислите дека животот има смисла.

Но, пред да трепнете, се ќе се случи одеднаш. Ќе го видите нивното друго лице, лицето коешто за малку ќе ве скршеше. Одеднаш тоа лице ќе се појави. Секогаш се појавува. Ќе ве остави збунето, изгорено и најлошо од се, ќе направи да се чувствувате заробено и луто на себеси затоа што повторно го дозволивте ова. Вие никогаш, ама никогаш не треба да се чувствувате така.

Ве молам не ги заборавајте оние ноќи додека плачевте се додека немавте повеќе солзи. Никогаш не заборавајте зошто раскинавте. Не заборавајте како ве вовлекоа во својата отровност и ве давеа во вашите проблеми.

Никогаш не ја заборавајте болката, таа неверојатна болка која ве остави растргнати и беспомошни. Никогаш не заборавајте дека некој кој се грижи за вас и ве сака, никогаш нема да направи нешто за да ве повреди. 

Тие кои ве повредиле еднаш, секогаш ќе ве користат за тие самите да се чувствуваат добро, затоа што знаат колку сте супер и знаат колку ги сакате и знаат дека што и да направаат, вие ќе ги примите назад.

Кога си заминаа првиот пат, длабоко во вас знаевте дека тоа е добра работа. Потсвесно знаевте дека сте среќни поради тоа што таа личност повеќе не е во вашиот живот, затоа што тоа ви отвори прозорци за нешто подобро и попозитивно. И што е уште поважно, ви остави простор за нова и изворедна љубов, љубов која ја заслужувате. Човек кој секогаш ќе биде тука за вас, а не само кога него му е интересно.

Вие заслужувате личност која не ви создава внатрешни конфликти. Личност којашто не ве остава кога работите стануваат тешки, кога животот станува комплициран, кога сте изгубени и збунети и кога не знаете што да направите. Некој кој никогаш не ве остава кога ќе останете сами на дождот, некој кој не се губи колку и да се обидуваат да му го одвлечат вниманието, човек кој знае колку е среќен затоа што ве има во животот.

Знам дека ги сакате и знам дека во еден момент биле тука за вас и дека биле ваши најдобри пријатели и дека сте им кажувале се за себе, за сите луѓе кои ве повредиле, за сите работи кои ве засрамиле и дека ви ги бришеле солзите и дека пред нив сте се соголиле себеси.

И тие ве сакале и затоа е многу тешко да ги одбиете и кога втор пат ќе се вратат. Вие сте имале нешто посебно и таа поврзаност секогаш ќе постои. 

Но, знам и дека кога се завршило, вие бевте скршени. И знам дека сте раскинале со причина. Знам за болката која ви ја предизвикале, за сите лаги и за сите ноќи кога сте се мразеле себеси затоа што сте го поднесувале нивниот отров.

Затоа, кога ќе се вратат, а сигурно ќе се вратат, ве молам запаметете го ова. Затоа што ви ветувам, кога не некој е себичен, кога некој ве уништил вас и вашата среќа, тие секогаш, ама секогаш ќе го повторуваат тоа.

Оставете го животот отворен за љубов која ја заслужувате – верувајте дека таа е таму некаде.