Не дозволувајте човечноста да ви ја убијат луѓе кои и самите ја немаат...

Не дозволувајте човечноста да ви ја убијат луѓе кои шират страв на сите страни, затоа што само така можат да ги контролираат луѓето, задржете го својот мир затоа што задржување на мирот ја задржувате и својата човечност. Не дозволувајте човечноста да ви ја убијат луѓето кои немаат своја цел и кои само сакаат да се мешаат во туѓи животи и да шират негативност. 

Не дозволувајте да го направат тоа на начини кои ќе ве повредат, скршат, обесхрабрат или разочараат, затоа што слободни сте само онолку колку што е силна вашата човечност. Не дозволувајте да ве заробат со желба за одмазда и да почнете да размислувате дека мирот ќе се врати само откако ќе им вратите со иста мера. Нема тогаш мир, само немир и опседнување со тоа. 

Не дозволувајте човечноста да ви ја убијат луѓе кои ви се обраќаат само кога имаат некој интерес. Имате можност да се издигнете над таквите и да бидете свесни дека вашата добрина не мора да биде извор на слабост, туку сила. 

Не дозволувајте човечноста да ви ја убијат луѓе кои мислат дека се над вас, оставете нека тонат во своето его. 

Задржете го својот ведар дух наспроти паразитите кои ве опкружуваат и направете граница меѓу вас и нив. Не дозволувајте да ви ја убијат човечноста луѓето кои би газеле преку луѓе за да стигнат некаде. 

Ако немате причина да бидете на нивниот пат, тргнете се од него, најдете ја својата животна оаза и уживајте во својата слобода и мир. Мирот нека ви дојде од длабочините на вашата душа и нека биде посилен од сите удари. 

Задржете ја човечноста, цената на мирот и среќата се наоѓа само во неа и на ниту едно друго место.