Не дозволувај животот да те живее тебе

6 цитати на познати психолози како важни животни лекции – мисли кои вреди да се паметат до крајот на животот!

Понекогаш не е потребно да се слушне многу, туку само неколку зборови може да помогнат да се пронајде излез од некоја ситуација, да се научи важна животна лекција, да се освестат сопствените вредности и да се открие тајната на животот.

Честопати не сме свесни колку сами го комплицираме својот живот и го правиме потежок отколку што е, забораваме да уживаме во ситниците и постојано сме во трка со времето.

Едни од најпознатите психолози на денешницата, ќе придонесат да застанеме, да го ставиме прстот на чело и да се замислиме: да се запрашаме дали вреди постојано да се трча некаде? Дали навистина вреди секојдневно да се живее под стрес и да се заборави на малите но убави нешта кои го прават животот? Одговорите на овие прашања лежат во следните мудри цитати кои ќе ви „одржат“ важна лекција за предизвиците кои со себе ги носи животот.

Читањето на овие изјави нема да ви одземат многу време, но може да ви донесат порака која како „кец на десетка“ може да ја искористите кога животот ќе ве стави на тест.

Еве кои зборови на психолозите треба засекогаш да ги запамтите:

„Радоста доаѓа во нашите животи кога имаме што да работиме, кога имаме кого да сакаме и имаме на што да се надеваме.“ (Виктор Франкл – австриски психолог, психијатар, невролог и филозоф, поранешен затвореник на нацистички концентрационен логор).

„Не се бираме случајно... Ги сретнуваме само оние кои веќе постојат во нашата потсвест“. (Сигмунд Фројд е австриски психолог, психијатар, невролог и психоаналитичар. Основач е на психоанализата која влијаела на психологијата, социологијата, антропологијата, книжевноста, медицината и уметноста во 20 век).

„Имајќи одредена цел, човекот се чувствува поспособен да ги надмине сите проблеми затоа што во него живее неговиот иден успех“. (Алфред Адлер – австриски психолог, мислител, психијатар, творец на системот за индивидуална психологија).

„Ако навистина сакате да разберете нешто, обидете се тоа да го промените“. (Курт Левин – германски и американски психолог. Прашања со кои се занимавал: социјална перцепција, групна динамика, желба за успех и избегнување на неуспехот, временска перспектива).

„Луѓето не се заинтересирани за мене или за вас. Наутро, напладне или навечер, тие се занимаваат само со себе“. (Дејл Карнеги – американски писател и предавач. Се занимавал со теми кои се поврзани со самоунапредување на личните карактеристики, развивање на тимскиот дух и функционирање на тимот, со јавен говор и интраперсонални вештини. Автор е на бестселерот „Како да стекнете пријатели и да влијаете на луѓето“).

„Не дозволувај животот да те живее тебе. Во спротивно ќе ги дочекаш четириесеттитите чувствувајќи како да никогаш не си живеел. Живеј сега така што на педесет години нема да се навраќаш на своите четириесет со жалење“. (Ирвин Јалом – американски психијатар, професор по психијатрија кој се бавел со егзистенцијална психологија и прашањето на самотијата, бессмислата, смртта и слободната воља. Неговото најпознато дело е „Кога Ниче плачеше“).

„Ако имате добро мислење за себе, зошто ви е потребно уште некој да мисли добро за вас“. (Михаил Литвак, руски доктор и психотерапевт. Го напишал делото „Психолошко аикидо“ во кое поедноставува многу ситуации во животот и ги поттикнува луѓето да живеат полесни и осмислено.