Скопјани веќе со недели живеат со смог и енормно аерозагадување. Малку чист воздух наоѓаат единствено на Водно, а маглата дополнително си го прави своето.
Сепак, на социјалната мрежа „X“ и во сета негативна ситуација, има простор за шега на своја сметка!
Еве ги најдосетливите твитови на тема „загадување во Скопје“:
Во Скопје не отвараме прозорци за да проветриме дома, ние отвараме прозорци за да проветриме надвор и мислам дека тоа е прекрасно.
— Корто Малтезе од (@ngc6752) January 25, 2025
Колку е загаден воздухот во Скопје, и уличните кучиња почнаа да кашлаат.
— Ана Ресана (@AnaFiljana) January 25, 2025
Одржувањето на добро здравје не е толку комплицирано, се знае - храни се здраво, биди физички активен, спиј доволно, не диши во Скопје...
— Ракун (@HumoroidM) January 24, 2025
два саати дишење чист воздух на Видно, два.
кој ти ги дава во Скопје?! pic.twitter.com/440tu0AdfP— Римувач (@gorankrto) January 25, 2025