Не чувајте место во својот живот за некој кој не сака да се смени

Некогаш, цврсто се држиме до љубовта бидејќи гледаме нешто добро во другата личност, нешто што никој друг не го гледа.

Ја чуваме љубовта, се лажеме себеси дека ќе биде подобро, веруваме во подобро утре. Веруваме дека луѓето се менуваат. 

Но, вистината е дека дури и да се менуваме, го правиме тоа само кога самите сакаме. Не можеме да натераме друга личност да се смени бидејќи ние го сакаме тоа. Колку и да веруваме во тоа, колку и да посакуваме, тоа едноставно е чекање без крај. 

Треба да знаете дека некогаш местото кое го чувате за личноста која посакувате да се смени, често може да и припаѓа на друга личност која ви одговара повеќе, која има сила да ве сака и да ве цени. 

Треба да сте свесни дека не сте лоша личност ако поставите граница.

Треба да знаете дека самите треба да сте си приоритет и нема ништо лошо во тоа ако посакате да заминете.

Едноставно сфаќате дека другата личност не може да се смени, барем не на начинот кој вие го посакувате. Зборовите без акција се само празни зборови. Личноста која само ветува нешто без никаква намера да ги преземе работите во свои раце е личност која не ви е потребна покрај вас. Не можете да чувате место во својот живот за некој кој не сака да се смени.

Нивна е одлуката да го направат тоа. 

Ваша е одлуката да го дадете тоа место на друга, подобра личност.