Не бегајте од себе, бидејќи немате каде да бегате

 

Не бегајте од себе, бидејќи немате каде да бегате.

Немојте да мислите дека во туѓа кожа ќе ви биде подобро или дека ако се преправате дека сте нешто друго, ќе ви биде подобро во животот. Тоа е измама на која лесно може да се падне, особено кога ги гледате другите и не знаете што се случува зад нивните животи, не знаете низ каква приказна поминале и што им направил животот. Немојте да мислите дека овде некаде на другата страна на земјата има место кое ќе ги исполни сите наши соништа.

Не бегајте од себе, бидејќи немате каде да бегате.

Не вреди да бегате од луѓето кои ве повредиле.

Држете се настрана од оние кои мислат дека се повредни од другите, па затоа ги потценуваат другите, држете се настрана од оние кои мислат дека сè во животот мора да се врти околу нив.

Тргнете се од оние кои оставаат траги во вид на лузни на нечија душа, не сфаќајќи дека еден ден некој ќе остави лузна на нивната душа, лузна која ќе им го промени животот.

Не бегајте од себе, бидејќи немате каде да бегате.

Секогаш гледајте на посветлата страна на животот, ако ви се чини дека ја нема, тогаш разбудете ја светлината во оваа темна дупка и дури кога ќе заблескате ќе го видите животот во некои други контури.

Правете ги оние работи кои ви ја радуваат душата, оние кои ве прават поисполнета личност, а не оние кои го хранат вашето его. Ослободете се од егото и ќе се ослободите од преокупираноста со тоа што другите мислат за вас.

Не бегајте од себе, бидејќи немате каде да бегате.

Не ставајте маска затоа што ништо не сте смениле. Сè што ви треба е малку тишина и осаменост и работите ќе почнат да течат. Ќе го разберете парадоксот во кој со надминување на себеси станувате ваш најдобар пријател.

Нема да се нервирате за неважни луѓе и работи бидејќи во себе ќе најдете основа која ќе ви ги даде сите одговори.

~ Марио Жувела