НБ: 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетени во целост зашто ќе се покриваат сумите до 30.000 евра.

Еуростандард банка на бизнисменот Трифун Костовски ќе оди под стечај, поради неисполнување на  минималните законски услови за работење, соопшти НБМ.

Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, затварањет на банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.
Согласно 31.07.2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетени во целост зашто ќе се покриваат сумите во банка до 30.000 евра.

Народната банка вложувала исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање, соопшти гувернерката.

Согласно информациите со кои располага јавноста, во моментов во Еуростандард работат околу 170 вработени лица.
izvor - pari.com.mk