Натпросечни температури за декември - Празничниот ден без дожд

Од денеска нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

- По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла поради што дневната темнпература ќе биде пониска, прогнозира УХМР.

Утринските температури во текот на оваа седмица ќе се движат од 0 до 7, а дневните од 9 до 17 степени.