НАТО Караванот денеска во Скопје

Во рамките на НАТО Караванот денес во Скопје ќе се одржи еден од двата финални настани како дел од активностите на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Денес ќе се дебатира за придобивките и предизвиците од членството во НАТО со студентите од Универзитет ФОН на тема: „Безбедна младина, посигурна иднина“1.12.2019 (среда) со почеток во 10:00 часот на ФОН Универзитет - Скопје.

Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идеата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.