63-годишник е тешко повреден откако со трактор излетал од пат.
- На 31.10.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Берово од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Љ.Г.(63), кој, според пријавеното, се здобил со повредите откако на место викано „Трнков преслап“, атар на село Русиново, управувајќи трактор излетал надвор од патот, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.