Настрада млада скопјанка - Велосипедист ѝ го оштетил возилото, па ја нападнал

Млада скопјанка била физички нападната од едно лице по недоразбирање во сообраќајот, а нејзиното возило било оштетено од напаѓачот. 

- На 10.12.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје, Д.П.(19) од Скопје пријави дека околу 17:40 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно лице, кој со велосипед ѝ го оштетил и возилото, стои во полицискиот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.