Наставното ливче е од австралиски сајт за ЛГБТ среќни семејства, велат од Коалиција за заштита на децата

Наставното ливче кое го добија првооделенците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ било преземено од австралиската веб-страница „Твинкл“.

-На страницата има материјали кои може да ги користат наставниците за време на нивните предавања, а наставното ливче кое им било предадено на децата може да се пронајде под името „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, велат од Коалицијата за заштита на децата.

Разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

-Бараме од родителите да ги повлечат лажните изјави и да се извинат на Коалицијата, која се обидува да ги заштити нивните деца, за потпомагање на хајката против неа, бараат од Коалицијата за заштита на децата.