Наставниците ќе го враќаат авторитетот со ќотек - Класната од Кичево која удри ученик доби масовна поддршка

Наставничка во Кичево физички нападнала ученик во основно училиште. Оваа вест вчера предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а јавноста за случајов дозна од полицискиот билтен.

-Завчера во 15.20 часот во ОВР Кичево, С.И.(40) од Кичево пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Кичево, бил физички нападнат од неговата класна раководителка, соопшти МВР.

Неофицијално дознаваме дека станува збор за шлаканица која ученикот ја добил од наставничката.

Периодов актуелно е прашањето за воспитувањето на децата дома, но и во образовните установи.

Додека надлежните го истражуваат случајот јавноста „го даде својот суд“. Повеќето од нив велат дека „ќотекот е излезен од рајот“ и дека можеби оваа воспитна мерка е „изнудена“ за денешните генерации на деца кои знаат да провоцираат.

Повозрасните генерации велат дека скубењето, тегнењето за уво, благ удар со стапче во минатото биле нормална појава на училиште, а притоа не смееле да се пожалат дома затоа што родителите не застанувале на нивна страна.

-Денес, нешатата се поинакви, па така од модерните родители може да се слушне „Не го чувам јас, за некој да го тепа и/или малтретира, вели еден скопјанец.

Ви пренесуваме дел од реакциите на јавноста која побрза да ја оправда псотапката на наставничката:

-На времето училиштето беше воспитно-образовна институција, а сега е само образовна, па затоа Господ нека им е на помош на денешните деца и родители.

-Со тоа што на децата им се дадоа секакви права, наставниците го изгубија авторитетот, а родителите со европски вредности кои се „другари и другарки" со синот/ќерката исто така! Родител, наставник, треба да се авторитет,а не другари. Една глобална европска мафија го наметна и уште наметнува деструктивен систем за целото општество.

-Јас кога учев подобро беше наставникот да ме искубе, отколку дома да кажам, три пати повеќе ке ме превоспитаа. Па еве не сум истрауматизирана.

-Браво! Додека не им дадат право да заигра стапче, ќе им се качуваат на глава и ќе прават се што сакаат. -Децата се излезени од контрола немаат никаква почит кон наставниците. Треба промена на законот под итно.

-Децата треба да имаат почит кон наставниците. Скроз се деградирани наставниците, без никаков авторитет ниту од родителите, а се разбира покрај нив, ниту од учениците. Ние кога учевме да им речевме на родителите дека не удрил наставник, дупло ќотек ќе си добиевме, а не пак да трчаат родителите кај наставникот и да го пишуваат по порталите. Луѓе, родители свестете се еднаш! Ова е зло што го правите и на децата и на општеството! Браво за наставничката треба да се знае кој е наставник, а кој ученик и ние сме биле ученици и имало ред ќе те искараат во школо, а дома и ќутек ќе добиеш. Овие денешни родители само штета прават на своите деца за понатаму во животот. На што личи ова до кој степен се дојде срамота и голема брука за родителите поддржувачи на своите деца паразити.

- Да се вратат стапчиња за воспитни мерки во училиштата, за секое невоспитано дете - казна за родителот. Ако нема да плати ќе ги мете пазарите!

-Сме јаделе ќутек и на улица и во школо, а дома кога ќе сум се вратил и кога не сум бил крив сум јадел ќутек ! Во војска и вц сме чистеле и команда атомски во коприви да се фрлаш итн. па ништо не ни фали ! Подршка за учителите!

-Ако е со причина ќотекот поддршка до наставничката, но не верувам дека е без некоја причина. Во мое време ако наставникот ти врзеше шлаканица требаше да бидеш среќен што си поминал со толку, не дај Боже па да ти речеше утре да дојде и родител се знаеше што значи тоа - дупли ќотек ке си го однесеш и од родителот.