Наставничка го сподели искуството: Од своја плата сами печатиме, купуваме хартија, сунѓери, тонери...

Штрајкот на просветните работници кој стартуваше денеска продолжува се до исполнување на нивните барања, а тоа е раст на платите. 

Јавноста со поделени ставови за тоа колку е оправдан овој штрајк, додека една просветна работничка го сподели своето далеку од идеално искуство со македонскиот образовен систем. 

Еве го нејзиното искуство: 

-Само една седмица наставниците да не обезбедуваат наставни помагала, средства и се што треба за квалитетна настава со лични средства родителите (и сите критизери) ќе почувствуваат што значи училиште од 46 година, или уште поназад во времето „ресавска школа“. Се додека си обезбедуваат со лични средства  (или од дома) интернет, личен лаптоп, хартии за печатење, тонери и да не набројувам никој не може да знае, ниту да замисли како ќе тече наставата на нивните деца со диктирање и препишување од полуискинати, чкртани учебници, „камени креди“ кои треба пола саат да се држат над мокар сунѓер (и тој сами си го купуваат) за да пишуваат. Кога детето ќе дојде дома со (1) или (2) оти не стасало да препише од табла и да одговори на тест ќе се знае што е олеснување кога наставникот дава тест печатен на хартија купена од своја плата, внесува информации во едневник до полноќ (оти порано не работи)... Се дотогаш оние „сезнајковците“ ќе кажуваат гачки дека работат 3 часа во денот, одмараат 3 месеци лето и 1 месец зимо, пишува револтирано таа.