Насмевката е знак дека душите меѓусебно се препознаваат...

Насмевката е неизвештачена, непланирана и природна врска помеѓу луѓето. Го пишувам ова затоа што сакам луѓето да сфатат дека под сите слоеви кои ги создаваме за да се заштитиме себеси, својата гордост, своите титули, дипломи, статус и потреба да нѐ гледаат на одреден начин – под сето тоа постои нашето автентично и есенцијално битие.

Не се двоумам да го наречам тоа: душа. Навистина верувам дека ако тој дел од вас и тој дел од мене можат да се препознаат, ние нема да бидеме непријатели. Во тој случај меѓу нас не може да се развие омраза, завист или страв. Со жалење заклучувам дека сите тие други слоеви, кои така темелно ги градиме во текот на животот, се оние работи кои нѐ раздвојуваат и изолираат, па не можеме да оствариме вистински контакт со другите.

Зошто се насмевнуваме кога ќе здогледаме бебе? Најверојатно затоа што гледаме битие без ниту еден одбранбен систем, битие кое ни се насмевнува, а знаеме дека тоа е сосема природно и дека тука нема никакви скриени намери.

А таа душа ѝ се насмевнува на наштата душа во знак на препознавање.