Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ најавија дека наскоро започнува со работа лизгалиштето.
Велат дека во тек се последните подготовки во пресрет на новата сезона, а датумот за почеток на работата ќе биде објавен наскоро.
Традиционално, и оваа зимска сезона, лизгалиштето ќе биде место за рекреација на голем број скопјани, пред се на најмалите и младите!