Наскоро се отвара Зоолошката градина во Скопје

ЗОО Скопје официјално преку нивниот Фејсбук профил го потврдија отварањето на истата овој вторник во 9 часот.

„Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)
Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:
- Носење маска при влез во Зоо Скопје
- Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
- Строго е забрането хранење и доближување до животните
- Отпадоците да се фрлаат во корпите
- Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
- Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
- Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките!

Се гледаме во вторник од 09:00“