Наскоро ќе се распише тендер за третата фаза од пругата кон Бугарија

Директорот на Јавното претпријатие „Железници“, Хари Локвенец најави дека наскоро ќе се распише тендер за третата фаза од пругата кон Бугарија која е дел од Коридорот 8.

-Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија.Со поддршка на сите владини институции и на Мисијата на ЕУ во Скопје, ја подготвуваме документацијата, а очекувањата се дека за скоро време ќе биде објавен тендерот и до крај на годината ќе имаме избран изведувач, вели Локвенец во интервју за МИА.

Во првите две фази од пругата кон Бугарија се опфаќа пругата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар и од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри.