Насилна кражба во Аеродром: На скопјанка ѝ украле чанта со паричник и документи

Доцна синоќа насилна кражба во скопски Аеродром.

- На 09.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, З.В.(43) од Скопје пријавила дека околу 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и лични документи, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.