Нашите баби се најголем благослов

Бабички, најмили наши бабички. Најдраги и незаменливи. Што би правеле без вас?

Па ние би биле изгубени.

Поголемиот дел од нас се растени со бабите. Тие нè учеа да читаме и да броиме, со часови шетаа со нас низ парковите и пазарите, бабите ни приготвуваа највкусни јадења и ни даваа најубави спомени.

Потоа целиот живот ги бараме тие вкусови и мириси кои бабите ни ги подариле во детството. И не ги наоѓаме. И никогаш нема да ги најдеме.

Сакани наши бабички. Незаменливи.

Каков благослов е тоа што бевте и сè уште сте со нас.

Бесмртни наши бабички...