Нашата актерка и „прва метла“ денеска слави роденден

Познатата актерка и еко-активистка Ирена Ристиќ денеска слави роденден. 

Убавата и талентирана актерка и борка за правда е родена на 26 јануари 1975 година во Охрид. 

Публиката ја знае по улогите во театарските претстави ММЕ кој прв почна, Балканот не е мртов, Жената како воено поле, Вагинални монолози, Стјуардеси, но и по сериите Наше маало, Кум, Инсалдер, Преспав, Куќен притвор...

Веќе неколкугодини е главна во иницијативата „Не биди ѓубре“, каде се нарекува и „прва метла“, а нејзината работа на полето на екологијата несомнено вродува со резултат.