Населбата Пролет ќе ја има најмодерната инклузивна градинка во Македонија

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на денешниот увид во градежните работи го запозна премиерот Димитар Ковачевски со условите во кои децата идната година ќе го поминуваат воспитно-образовниот процес.

Градинката „Пролет“ го негува инклузивното образование како во воспитниот процес така и во надворешниот простор предвиден за игра.

Градинката ќе располага со лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето просторија за лекар, инклузивно игралиште детски реквизити и лизгалки.

- Вложуваме во најмладите затоа што тие ни се иднината, напиша Герасимовски на Фејсбук.