„Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“ во Градски парк

„Напред розово 2019–чекори против ракот на дојка“ е настанот што по 11 пат ќе се одржи во Скопје, со почеток во 11 часот пред „Школка“ во Градскиот парк.

Идејата е низ пешачење од неколку километри да се подигне свеста за важноста од рана дијагноза како основен предуслов за победа над ракот на дојка. По прошетката ќе има и музички хепенинг во насока на дружење и зближување на активист(к)ите во борбата против тешката болест.

Нстанот е во организација на здружението „БОРКА–за секој нов ден“ и амбасадата на САД.

„Напред розово 2019–чекори против ракот на дојка“ и оваа година ќе има добротворен карактер. Собраните средства од продажбата на розови маички ќе одат за реализација на годишните активности на „БОРКА“ за обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниката за онкологија и торакална хирургија од волонтери на здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка, итн.