Направете нешто добро за себе и другите: Јавете им се на пријателите со кои долго не сте се виделе

Често го занемаруваме убавото чувство кое ни надоаѓа кога ќе добиеме неочекуван повик или порака.

Постојат и истражувања кои покажуваат дека одржувањето на врските и поврзаноста со другите е значајно за нашето ментално и физичко здравје. Во една неодамнешна студија биле вклучени околу 5900 испитаници. Целта била да се утврди важноста на одржувањето добри односи со другите, но и повторното поврзување со луѓето со кои долго не сме биле во контакт.

Резултатите од истражувањето покажуваат големи оценки кај мнозинството испитаници и добро чувство, особено кога не го очекувале тоа. Изненадувањето е многу значаен фактор кој придонесува за доброто чувство. Пеги Лиу, лидер на истражувањето истакнува дека луѓето се социјални битија, кои уживаат да се поврзат со другите, па затоа и се чувствуваат одлично кога некоја личност која им значи или им значела ќе се обиде да го обнови контактот.

Модерниот начин на живеење често прави да бидеме зафатени, но и многу лесно да го изгубиме контактот со некоја личност. Но, потребен е мал обид за да се поврземе со некого повторно. И воопшто не треба да се плашиме од нивната реакција, бидејќи тоа бидејќи тоа само ќе го разубави денот на другата страна.