
ЈП Водовод и канализација известува дека денес напладне со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Кисела Вода.
Како што информираат од таму, поради затварање на стара мрежа на улица Саса бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Саса и дел од улицата Јабланица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со работните активности.