Нападната вработена во спортска обложувалница во Скопје

38-годишна скопјанка пријавила дека синоќа била физички нападната во спортската обложувалница каде што работела.

Од МВР соопштија дека нападот се случил околу 22.10 часот, во обложувалница на подрачјето на Карпош. Таа била нападната од едно лице кое употребило и тврд предмет. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.