Нападната лекарка од Итна медицинска помош

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.15 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.И.(28) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, додека ги извршувала своите работни обврски како лекар во Итна медицинска помош, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.