Нападнат малолетник во парк во Аеродром

Малолетник бил физички нападнат од едно лице во парк на подрачјето на Општина Аеродром. 

Случајот го пријавила мајката на малолетникот. Од МВР со кусо соопштение за настанот:

-На 18.09.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.П.(43) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во парк на подрачје на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - стои во соопштението.