Нападнал полицаец на паркинг - Кривична за гостиварец

Кривично ќе се гони гостиварец кој нападнал полицаец на должност. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Р.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

- На 14.05.2026 на паркинг простор во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата.