Наместо за ужина јаболките за учениците завршија по улици и за мавање

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорот на Платежна агенција Никица Бачовски денеска ги посетија учениците во Основното училиште „Ј.Х.Песталоци“ во Центар и поделија домашни македонски јаболка, за секој ученик во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во ОУ „Ј.Х. Песталоци“, поделени се 3.248 килограми јаболко, по четири килограми за секој ученик.

Но, еден твитерџија тврди дека јаболките завршиле низ улиците. 

-МОН и Министерство за здравство одлучија да дадат вреќички со јаболки за секој ученик под мото ,,Здрава Храна". Јаболките можете да ги видите расфрлани по улици и деца кај се маваат со нив. Освен чекан у глава ништо друго не заслужуваме да ни се даде! - гласи твитот.