Најважната техника која мажите треба да ја применуваат во кревет

Одложување или контролирање на оргазмот е техниката преку која мажот намерно го продолжува сексуалниот чин во корист на својата партнерка. Со други зборови, тоа е нешто што секој маж би требало да го прави, ако на неговата партнерка и е потребно повеќе време за доживување на оргазам.

Многу мажи без размислување доживуваат оргазам, најчесто по две минути од почетокот на сексуалниот однос, и се вртат на другата страна, оставајќи ја својата партнерка незадоволна.

За да не дојде до забуна, тука не станува збор за прерана ејакулација со која многу мажи имаат проблем, бидејќи тоа е незгоден проблем, но поправлив, за кој секоја жена би требало да има забирање.

Голем број на мажи доживуваат оргазам по неколку минути пенетрација и сметаат дека тоа е доволно, но прашањето е што вашата партнерка има да каже на сето тоа.

Секоја жена има свои преференци, но ако неа 2-3 минути не и се доволни (не зборуваме за сексот на брзина и не се работи за ситуации кога сте уморни), што би требало мажите да знаат и направат е да ја применуваат техниката на одложување на оргазам.

Техниката е едноставна, кога мажот ќе почувствува дека е близу да го доживее врвот, треба да престане на кратко, а потоа повторно да продолжи. Ова треба да го направи неколку пати.

Нема полошо нешто од себичен партнер кој мисли само на своето задоволство. Сексот би требало да биде забава за двајца, така да двајцата партнери да уживаат и бидат задоволни. Освен тоа, не е се во пенетрацијата. Многумина забораваат на важноста на предиграта која многу жени ја ставаат на прво место, а нивните партнери ја игнорираат.