„Најубаво е помеѓу својот народ“, порача Ѓорѓиевски од храмот Рождество на Пресвета Богородица

Задоволството да бидам ваш кум е огромно, огромна е и честа која сите вие ја направивте и со вашето присуство придонесовте празникот посветен на Рождеството на Богомајката да помине во една ваква прекрасна атмосфера, напиша градоначалникот на општина Кисела Вода на својата фејсбук страна, по повод денешниот голем празник Рождество на Пресвета Богородица. 

Тој денес присуствуваше на одбележување на овој празник во храмот Рождество на Пресвета Богородица лоциран на Средно Водно.

Вербата во Бог никогаш нека не нѐ напушти, нека нашиот пат по кој чекориме биде послан со вредностите на чесноста, добрината и човекољубието, напиша Ѓорѓиевски и додаде дека само со искрен пристап кон нашата вера ќе бидеме подобри луѓе и ќе придонесеме за добробит на нашата заедничка татковина, Република Македонија.

Нека денешниот празник Рождество на Пресвета Богородица нѐ чува сите, заклучи Ѓорѓиевски во својата фејсбук објава.