Најубавите вили од главниот град (ФОТО)

Приватно обезбедување, главен влез со рампа, камери, фитнес-центар, билјард-клуб, супермаркет, градинка, игротека, аптека, стоматолошка ординација, базени, патеки за џогирање... ова се карактеристиките на елитните населби, кои по некое непишано правило треба да се надвор од градот, но сепак добро поврзани со него. И нашата метропола може да се пофали со вакви населби.

Во елитни населби би можеле да се спомнат Водно, Злокуќани, Орман, Козле, Дебар Маало, Црниче, Бардовци, Верина во селото Орман, потоа Хот-хот во Радишани, Сончев Град, Дајмонд Парк во Сопиште, на Зајчев Рид, во Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани...

Најскапите имоти се наоѓаат во центарот и во елитната населба Водно. Овие две локации сé уште го држат приматот во високите цени на недвижностите.

Прозорци со термопан стакла, бањите се со врвна италјанска керамика, џакузи, базени, систем со греење и ладење по најсовремени методи се составен дел од овие луксузни куќи во Скопје.