Најубавите љубовни цитати

Книжевноста, филмовите, музиката, уметноста.. се преполни со преубави љубовни мисли. Во трката со животот и секојдневните обврски многу често забораваме на нив, а љубовта ја консумираме брзо и нервозно како брза храна за душата. Затоа, ви пренесуваме дел од најромантичните мисли со цел денешниот ден да ви биде исполнет со убавината на љубовните емоции.

На улица сретнав многу сиромашен, заљубен млад човек. Шеширот му беше стар, палтото излитено, чевлите му пропуштаа вода – но душата му беше распослана со ѕвезди. Виктор Иго

Има еден прекрасен невидлив свет, а тоа е оној што заљубените го носат во срцето... Виктор Иго

Најосаменото место на светот е човечкото срце без љубов. Оскар Вајлд

Тешко е да се сака, уште потешко е да не се сака, а најтешко е да се најде саканиот кој те сака. Александар Сергеевич Пушкин

Ако во сеќавањата не ти навира ни најмала лудост на која те навела љубовта, никогаш не си сакал... Вилијам Шекспир

Љубовта е како треска: доаѓа и со оди, а вољата на неа нема никакво влијание. Стендал

Кога ти припаѓам тебе, тогаш конечно потполно припаѓам и на самиот себе. Микеланџело Буонароти

Вистинската загуба можеш да ја осетиш само кога сакаш некого повеќе од себе. Робин Вилијамс, „Добриот Вил Хантинг“

Кога ќе сфатиш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со некого, тогаш сакаш тој остаток да започне што побрзо. Били Кристал „Кога Хери го сретна Сели“

Најдобрата врста на љубов е онаа која ќе ја разбуди душата и ќе не натера да бараме повеќе, ќе запали оган во срцето, а на умот ќе му дари мир. Тоа ми го даде ти, а се надевам дека и јас ќе можам да ти возвратам исто, засекогаш... Рајн Гослинг, „Бележникот“

Земи љубов, помножи ја со вечност и пренеси ја во длабочините на бескрајот... и ќе имаш мал увид во она што јас го чувствувам за тебе. Бред Пит, „Запознајте го Џо Блек“