Најубавите Божиќни честитки

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Но, Божиќ е празник на внимание и почит кон блиските и саканите. Еве неколку интересни пораки со кои може да им го честитате овој убав празник на вашите најблиски:

 - На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!

- Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ - ХРИСТОС СЕ РОДИ!

- Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.

- Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.

- Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди. Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари...

- Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

- Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.

- Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ - Христос се роди.