Најубавиот ден од декември за хороскопските знаци

Еден од најубавите денови оваа година е 29 декември кога Јупитер влегува во Риби. 

Што им носи овој ден на хороскопските знаци?

Овен

Како што Јупитер минува низ вашата дванаесетта куќа на ментално здравје и духовност, ќе бидете ориентирани кон себеси. Ова е време за вас кога треба да забавите и здивнете малку. Рефлектирајте за изминатите месеци, прашајте се каде сте и каде бевте, но и кој е следниот чекор за да се чувствувате подобро.

Бик

Вие се грижите за луѓето околу вас, но некогаш не знаете како најдобро да го покажете тоа. Доброто нешто е што 29 декември ви носи можност да ја искажете својата љубов кон оние кои ви значат, но и симпатиите кои ги криете од некоја личност која ви се допаѓа. Ставете го овој аспект на прво место за време на овој транзит и дозволете им на чувствата да излезат од вас, немате од што да се плашите.

Близнаци

Близнаците се луѓе кои обожаваат да споделуваат информации со другите, а овој ден им дава можност тоа да го направат на еден грандиозен начин. Вие чувате огромна мудрост во себе, сега е време да го споделите тоа со другите околу вас.

Рак

Енергијата на планетите на 29 декември се поклопува со вашата чувствителна и интуитивна природа, која ви овозможува да се разбудите духовно. Без оглед на тоа дали е јога, медитација или пак едноставна рефлексија која ќе ја направите сами, ова е моќен транзит кој ќе ви помогне да се ослободите од лошата енергија и да ги проширите хоризонтите на неочекуван начин.

Лав

Јупитер влегува во Риби на 29 декември, а тоа ви помага вам да се поврзете со другите луѓе. Овој транзит ви помага да побарате поддршка од другите и да бидете ранливи во разговорите со нив, откривајќи вистини за себе кои другите можеби не ги знаат, а би сакале да ги слушнат. Отворете го своето срце и дозволете си да чувствувате.

Девица

На овој ден ќе чувствувате силна енергија која од вас ќе побара да заборавите на обврските и одговорностите и да се поврзете со другите. Важно е да се сетите на оние кои ви значат, да бидете тука за нив и да запаметите дека човечките односи се најважното нешто на светот.

Вага

Влегувањето на Јупитер во Риби става фокус на вашето здравје, благосостојба и дневни обврски. Затоа, потрудете се да најдете време за себе и дозволете си да тргнете на едно прекрасно патување во грижата за себеси.

Шкорпија

Овој транзит ве насочува кон вашата креативност, но и кон различните начини на кои го доживувате задоволството. Интимноста е важна за вас, а Јупитер во Риби ќе ве насочи кон личност која ќе биде одлична за уживање и задоволства од сите аспекти.

Стрелец

Sвездите ви најавуваат одлична 2022 година, но пред тоа овој транзит ве насочува кон домот и семејството. Вие сте слободен дух и често заборавате на овој аспект, но Јупитер во Риби ви помага да го најдете своето место во домот и да се чувствувате пријатно во однос на тоа.

Јарец

Кога Јупитер ќе влезе во Риби, ќе добиете можност да ги соберете ресурсите кои ги акумулиравте во изминатиот период. Ова е и одлично време да се поврзете со другите и да започнете нови пријателства преку вашите хобија и интереси.

Водолија

Овој транзит ви носи можност да изградите добра основа околу вашите финансиски ресурси. Сега е одличен период да рефлектирате во однос на тоа што научивте за себеси и да почнете да ја практикувате мудроста преку вашите вредности.

Риби

На 29 декември, кога Јупитер влегува во вашиот знак ќе започнете полесно да се изразувате. Тоа ќе ви овозможи раст и нови можности, но и полесно поврзување со другите луѓе. Ако нешто долго сте чекале да го кажете или не сте имале можност досега, овој транзит остава простор за тоа.