Најпаметниот човек на Римската империја е од Скопје

Пред поставувањето на споменикот на Јустинијан Први (Флавус Петрус Сабатиус Јустинијанус) на скопскиот плоштад во 2011 година, малкумина во Македонија знаеја дека родното место на големиот император, кој владее со Источното Римско Царство од 527 до 565 г. е скопското селото Таор, Катлановско.

Но, ако ова за нас е непознато, следува логично прашање дали информацијата воопшто стигнала до ушите на нашите соседи од околните држави, а да не говориме за пошироката публика во Европа и во светот!

Прашање е како да се презентира македонската вистина пред светската стручна јавност за родното место на Јустинијан Први, кога веќе Србите со години се обидуваат да докажат дека тој потекнува од нивните краишта. Српските стручни лица ги оспоруваат наодите на македонските археолози за родното место на императорот, тврдејќи дека тој е роден во Царичин град, кој се наоѓа на 28 километри од Лесковац. Информацијата уште помалку би сакале да ја слушнат Грците кои Источното Римско Царство го имаат вградено како дел од нивната национална историја. Тргнувајќи од записите на биографот и современик на Јустинијан Први, Прокопиј, и по претходно добро проучена стручна литература, нашите археолози во 2001 година го лоцираат родното место на Јустинијан, а тоа е античката населба Тауресиум, односно денешното катлановско село Таор. Овој локалитетот првпат е евидентиран од англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс уште пред стотина години.

Кој е Управда (Јустинијан)?

Роден е во скопски Таор во 483 година по Богомладенецот. Неговиот чичко (Јустин од соседното село Бадер) седнува на престолот на Второто македонско царство кога Управда има 25 години. Како успешен воин и генерал бил повикан во Цариград да се образува како владетел. Учи во Цариград, Антиохија, Никеја, Александрија. Стекнува знаење од дипломатијата, правото, економијата, теологијата и архитектурата. Пред да стане цар се жени со артистка и танчерка Теодора што претставува незапамтен преседан во историјата на царштината (Теодора нема аристократско потеколо). По седнување на престолот тој го гради најмоќниот период од постоењето на Второто македонско царство, го создава европското право (кое денес е преименувано како „римско“), во негово време е определена годината на раѓањето на Богомладенецот како нулта година и почеток на нова ера, гради тврдини од Равена до Дамаск. 

Скопската котлина и денес има топонимски наследник древната населба Тауресиум – селото Таор во општината Зелениково, оддалечена дваесетина километри од скопскиот Плоштад. Веднаш над селото се наоѓа и локалитетот Таорско Градиште, кое на почетокот на новиот милениеум археолозите од Музејот на град Скопје почнаа интензивно да го истражуваат. И низ годините наидоа на прекрасни резултати. За жал, систематските истражувања замреа во последните години, па локалитетот денес е сиот обраснат во трева.

Археолозите од 2000 година почнаа поинтензивно да го истражуваат Градиште кај селото Таор, во потрага по доцноантичкиот Таурисиум, кој според Прокопиј е родното место на царот Јустинијан Први. Тие констатирале три хоризонти на живеење – праисториска, во енеолитот и во раното бронзено доба датирана во 3.000 и 2.000 година пред новата ера; доцноантичка населба (од 4. до 6. век) и средновековна населба од 9. и 10. век. Сите хоризонти нудат богати движни наоди, а доцноантичкиот и фантастични архитектонски градби.

Бидејќи најмногу го истражувале доцноантичкиот период, тие евидентирале две фази на живеење. Првата населба од 4. до крајот на 5. век, била урната за време на големиот земјотрес во Скопската котлина во 518 година. Втората населба која живуркала до почетокот на 7. век ја обновил и изградил Јустинијан Први.

Прокопиј забележал дека „царот имал потреба да му се оддолжи на родното место“. Археолозите велат дека фактите на теренот може да се заклучи дека во изградбата имало „царска интервенција“. Во населбата инвестирал човек што бил моќен и имал многу пари да плати исклучителни мајстори-градители. Во тој период, сите објекти на Балканот биле градени од камен врзан со кал.

На Градиште археолозите открија две градби и бедемот на населбата, меѓу објектите – широка улица. Една од градбите имала атриум – отворено предворје, со колонада од столбови, на кои се потпирал тремот, а во двориштето пронашле расфрлани три столба, бази и два капитела (горни делови од столбови). Пронашле и околу 130 монети, фрагменти од керамички садови, оружје, орудие, воена опрема, крстови, женски накит, стаклени садови, прозорски стакла и друго. Во подоцнешните истражувањат открија уште неколку велелепни објекти.

Но, со оглед на описите, дека Јустинијана Прима бил огромен град, некои археолози сметаат дека градот бил распослан под Старата скопска чаршија, од Кале до Султан-муратовата џамија и Саат кулата. И се уште лежи под денешно Скопје.