Најмоќните мисли на сите времиња

Овие внимателно одбрани зборови се некои од најмоќните и најмудрите мисли на светот.

„Секој е генијалец. Но, ако ја судиме рибата врз основа на нејзината способност да се качува на дрво, таа целиот живот ќе го помине со уверувањето дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн

„Пред да си дијагоностицирате депресија или ниска самодоверба, прво уверете се дека не сте опкружени со кретени.“ – Сигмунд Фројд.

„Ако барате среќа за другите, ќе ја најдете и за себе.“ – Непознат автор

„Сѐ може да му се одземе на човекот, освен една работа: последната човечка слобода: правото на избор во какви било околности, право да го избере сопствениот пат.“ – Виктор Франкл.

„Кој се плаши дека ќе страда, тој веќе страда затоа што се плаши.“ - Мишел де Монтањ

„Успех е да минуваш од неуспех до неуспех без да го губиш ентузијазмот.“ – Винстон Черчил.

„Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.“ – Махатма Ганди

„Кога една врата на среќата се затвора, друга се отвора, но понекогаш толку долго гледаме во затворената врата што не ја гледаме вратата која се отворила за нас.“ – Хелен Келер

„Умот на кој му е дадено ново искуство, никогаш повеќе нема да може да се врати во својата стара димензија.“ – Оливер Вендел Холмс

„Животот е многу едноставен, но ние инсистираме на тоа да го комплицираме.“ – Конфучие

„Животот кој го минуваме правејќи грешки е почесен од животот кој го минуваме неправејќи ништо.“ – Џорџ Бернард Шо

„Времето е пребавно за оние кои чекаат, пребрзо за оние кои се плашат, предолго за оние кои тагуваат, прекратко за оние кои се радуваат, но за оние кои се сакаат, времето е вечност.“ – Хенри ван Дајк

„Боже, дај ми разум да ги прифатам работите кои не можам да ги променам, сила да ги променам оние кои можам да ги променам и мудрост за да правам разлика меѓу овие две работи.“ – Рејнхолд Нибур

„Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат, тие слушаат со намера да возвратат.“ – Стивен Кови

„Заљубувањето не е избор. Останувањето заљубен – е избор.“ – Непознат

„Најубавите луѓе кои ги познаваме се оние луѓе кои почувствувале што е пораз, страдање, борба и загуба, а сепак го пронашле својот пат. Тие поседуваат благодарност, чувствителност, разбирање за животот и тоа ги исполнува со сочувство, благост и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале најубави туку-така.“ - Елизабет Кублер - Рос