Најмоќниот лек против акни, црнки на лицето, мрсна кожа...

Лимонот е една од најпопуларните состојки на маските за лице давајќи и на кожата мек и тониран изглед но и витамините кои и се потребни за нејзнино обновување. Покрај ова лимонот е одличен и за хигиена на телото.

Тој е одличен антисептик, а тоа е нешто кое не смеете да го игнорирате во вашата дневна рутина на одржување на личната хигиена.

1. Природна замена за антиперспирант

Се што треба да направите е да земете лимон, да го пресечете на половина и да се намачкате со него под пазувите, на местата каде вообичаено ставате антиперспирант. Резултатот ќе биде извонреден. Нема да се потите а вашите пазуви ќе бидат чисти, свежи со овошен мирис.

2. Лек за акни и црнки на лицето

Лимонот е најголем извор на витамин Ц а содржи и минерали како калциум, калиум и магнезиум кои помагаат во лекувањето на акните и црнките на лицето. Неговите антибактериски антифунгални карактеристики ќе ви помогнат да ги решите проблемите кои постојано ве мачат.

3. Избелувач на забите

Лимонот дејствува и како ефикасен избелувач на забите. Доколку го измешате со дополнителни состојки како сода бикарбона, за кратко време ќе добиете блескава насмевка.

4. Третман за мрсна кожа

Заради неговите алкални особини, лимонот помага во одмастувањето на кожата. Нанесувајте лимонов сок на лицето секоја вечер и оставете го да стои преку ноќ. Наутро темелно исплакнете и нанесете хидратантна крема.

5. Лимонот осветлува дамки на лицето

Лимоновиот сок содржи лимонска киселина, која го изедначува тенот. Бидете внимателни кај отворените рани или исеченици на лицето, бидејќи може да ве пецка.