Најмоќни пасоши во светот: Еве на кое место е македонскиот и во колку земји може да се патува со него

Според најновата листа на сајтот „Henley and Partners”, која се базира на податоци од Меѓународната управа за воздушен транспорт и вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување, најмоќниот пасош во светот го има Сингапур.

Со пасошот на Сингапур може да се патува на 193 места во светот без виза. По Сингапур следуваат Јужна Кореја со 190 и Јапонија со 189.

Меѓу најмноќните се и пасошите на Германија, Италија, Луксембург, Шпанија и Швајцарија, кои го делат четвртото место со 188 места во кои може да се влезе без виза.

Македонскиот пасош го дели 42-то место со Самоа и Тонга. Со наш пасош може да се влезе без виза на 129 места во светот.

Во топ 10 од регионот се најдоа грчкиот и хрватскиот пасош, по нив на 14-то место е бугарскиот.

Подолу се рангирани, Србија на 36-то место, Црна Гора на 43-то место, иста позиција делат пасошите на Албанија и на Босна и Херцеговина – 47-ма.

Пасошот на Косово е на 65-то место.