
Утринава најниски -3 степени Целзиусови биле измерени на Попова Шапка, додека највисоки 7 степени биле измерени во Кавадарци.
Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Берово е измерен -1 степен, Маврови Анови 0, Претор, Струмица и Kрушево 1, Крива Паланка, Охрид и Битола 2, Прилеп и Штип 3, Тетово и Виница 4, Скопје-Петровец и Велес 5, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија 6 степени.
Количината на врнежи во изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) изнесува Битола 20, Претор 15, Охрид и Kрушево 14, Штип и Гевгелија 13, Крива Паланка, Кавадарци, Пожаране и Ѓуриште 12, Прилеп, Велес и Mаврови Анови 11, Виница 9, Тетово 8, Скопје-Петровец, Тополчани и Попова Шапка 7, Берово 4, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 3, Демир Капија 2.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 100 см.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до десет степени.