Најлесниот рецепт за маринара сос за тестенини

Маринара сосот се прави од едноставни состојки, но и покрај тоа, вкусот е нешто што никогаш нема да го заборавите. 

Следниот рецепт е еден од најдобрите и наједноставните.

Состојки: 

400 гр конзервиран домат пелат
Маслиново масло
Лук и кромид по вкус
Оригано, сол, бибер

Подготовка:

Во маслиновото масло најпрво пропржете го кромидот, па ставете го лукот. Потоа, ставете ги доматите и мешајте, со тоа што ќе ги гмечите доколку е потребно. Ако сакате мазен сос, употребете рачен блендер, но вистинската маринара има и покрупни парчиња пелат. 

Зачинете по вкус, а ако сметате дека е премногу кисел, ставете малку шеќер за да се избалансира вкусот. 

Ставете од сосот врз сварени тестенини и послужете со пармезан и свеж босилек.