Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, 6 во Струмица и Гевгелија.
Вчера најмногу врнело во Тетово со 8 l/m2 , 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.
Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 68 сантиметри,па следуваат 60 Маврови Анови, 25 Крушево, 7 Тетово, 4 Гостивар.
За денес времето ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.