Најголемото вештачко езеро, на 15-тина километри од Скопје (фото)

Создадено пред нешто повеќе од 10 години, првично во функција на хидроелектраната „Козјак“, езерото се претвори во една од најатрактивните дестинации за релаксација, прошетка, риболов...

Лоцирано во Општина Македонски Брод, од Скопје, до езерото се стасува со автомобил за 20-тина минути и претставува вистинска природна оаза на недопрена природа на самиот раб на градот. Реката Треска  го снабува со вода и го формира во 15 километарската Голема Клисура, со вкупна должина од 32 километри. Водите ги запира брана висока 126 метри. Просечната раздалеченост на бреговите е околу 400 метри, а наместа достигнува длабочина и до 130 метри. Изобилува со животински свет, според некои податоци најбогат во цела Македонија, на задоволство на љубителите на риболовот.

Риболовот е регулиран од страна на службата која се грижи за зачувување на езерото, па секој заинтересиран треба да се обрати до надлежните за дозвола за рекреативен или спортски риболов. Дозволата се добива инстантно, за незначителен паричен надоместок и важи за целото езеро, освен две плажи кои се резервирани за посетителите. Постојат неколку викенд-населби во близина, но сепак, поголемиот дел од просторо е од релативно скоро достапен за јавноста. Природниот резерват „Јасен“ до скоро, беше привилегија само за елитата и странските гости, но во последно време е атракција која привлекува се повеќе туристи.

Самата брана е од критично значење за градот Скопје и таканаречениот воден-лифт кој го регулира водостајот на езерото. Преку овој систем се овозможува контрола на приливот на вода и се обезбедува избегнување на ситуации како онаа од 1962-ра кога Скопје беше жртва на поплава која подоцна го предизвика и катастрофалниот земјотрес. Недостатокот на асфалтирана инфраструктура околу езерото, претставува своевидна туристичка атракција, поради тоа што превозот е организиран со такси-чамци, кои можат да Ве однесат на посакуваното место.

Езерото е важен фактор и за еко-системот и индустријата поради тоа што проценките велат дека од него Скопјани и скопската индустрија ќе добиваат вода во наредните 100 години.