Најголемата вистина за денешното живеење која не сакаме да си ја признаеме

Секојдневно ги исполнуваме нашите денови со обврски и различни задачи чија основна цел е да ни ги исполнат денот. Често пак ги избегнуваме малите обврски кои мораме да ги завршиме и потоа се чувствуваме непријатно и лошо, сè до следниот момент или ситуација кои ќе ни го одземат вниманието. На тој начин, нашите најважни приоритети одат на страна, а потоа се каеме како сме го потрошиле денот.

Во неодамнешното истражување во кое биле вклучени околу 700 студенти,  истражувачите се обиделе да утврдат колку радост тие наоѓаат во секојдневните активности. Како што се очекува, тие наоѓале најмалку задоволство во оние работи кои се нивна одговорност и задача, а највеќе уживале во активностите кои самите ги бирале. Според нив, најголемата среќа може да се најде во времето поминато со семејството или пријателите, или пак посветувањето на проект, хоби или спорт кој ќе ги исполнува. Сепак, истите тие студенти истакнале дека иако тоа ги прави среќни, сепак најголем дел од денот го минуваат на социјалните мрежи и гледајќи телевизија, што не ги прави претерано среќни.

Во најмала рака, ова истражување покажува дека мошне често забораваме на нашите приоритети, односно на тоа што го сметаме за значајно и што ни предизвикува уживање. Често, неусогласеноста на таквите приоритети води кон незадоволство и често каење.

Голем дел од нас постојано се жалат дека го трошат своето време на неважни работи. Постојано се чувствуваме виновно и се каеме што забораваме на нашите приоритети. Тоа што навистина се случува е грешката во нашиот процес на донесување одлуки. Се однесуваме како да не сакаме да бидеме присутни во сегашниот момент и едноставно се обидуваме да го прескокнеме, а социјалните мрежи често се најбрзиот и наједноставниот начин за тоа.

Ова се три тешки вистини за нашите приоритети

Често велиме дека сме зафатени како резултат на нашето лошо управување со времето

Постои огромна разлика меѓу тоа да се биде зафатен и да се биде продуктивен. Не треба да го мешаме движењето со прогрес. Коњчето кое се ниша се движи, но тоа не оди напред. Да бидеме искрени, 99% од нашата зафатеност е само резултат на нашето лошо управување со времето. Исто така често им велиме „не“ на добрите нешта, за да можеме да им кажеме „да“ на важните нешта. Тоа понекогаш мораме да го правиме, но мораме да делуваме помудро. Треба да се фокусираме на приоритети.

Тоа на што се фокусираме зазема значаен дел од нашиот живот. Во секој момент, милиони нешта се борат за нашето внимание. Сите нешта кои се дел од нашето време паѓаат во две категории: нешта кои се врвен приоритет и нешта кои се неважни. Не постои голема средина меѓу нив. Затоа, секогаш кога ќе почнеме да правиме нешто треба да се запрашаме дали мораме да го напрвиме тоа. Треба да забележиме какво чувство ни носи тоа.