Најевтиниот рецепт за Рафаело бомбици

СОСТОЈКИ:

1/2 л млеко

2 пудинга од ванила

7 лажици шеќер

300 гр кокос

250 гр маргарин

250 гр шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На оган сварете ги пудинзите од ванила со млекото и шеќерот. Се додава и кокосот и се меша.

Потоа се додава и маргаринот кој претходно со миксер ќе го изматите заедно со шеќерот во прав .

Сè добро се соединува, па се лади и се формираат бомбици.

По избор, можете и во секоја на средината да втиснете половина парче лешник.

На крај, убаво се поминуваат од сите страни во чинија со кокос.

Уживајте во овој вкусен десерт