Наједноставниот и најпрекрасниот совет на Том Хенкс за тајната на успешниот брак!

Брачната среќа е тешко да се најде во Холивуд. Без оглед на тоа дали се работи за повеќе бракови или времетраење на брак од 3 дена, бракот изгледа како да нема шанси да успее во Холивуд.

Но, се разбира постојат исклучоци, а еден од најпозитивните примери за успешен брак полн со љубов и разбирање е бракот помеѓу Том Хенкс и Рита Вилсон, кој трае веќе 28 години. Овој пар зрачи со нивната реалност и љубов.

Пред извесно време Хенкс беше запрашан за тоа која е тајна за неговиот долговечен брак и тој ги сподели овие некомплицирани и искрени мисли. Тој рекол: „Ние едностанво си се допаѓаме еден на друг. Секогаш почнувате оттука.“

Хенкс објаснува дека тој и Вилсон се „венчале за сите правилни причини“ и дека позади нивниот долговечен однос трае искрена љубов. Тој изјавил дека едноставна сака кога на крајот од денот ќе и се врати на својата сопруга во нивниот дом, а и таа го чувствува истото.

Не постои ништо комплицирано во советот на Хенкс, но во него провејува едноставната вистина. Толку многу луѓе прават љубовта да звучи толку комплицирано или постојано зборат за тоа како бракот е напорна работа (што секако, понекогаш е), но на крајот на денот, она што е најважно е да можеме да уживаме во едни со други.

Треба да се радувате што ќе го видите лицето на вашите сопружници на крајот на секој ден. Да можете да се смеете заедно, да работите заедно и да се развивате заедно.

Изгледот избледнува и привлечноста може да варира, но како што потенцира Том Хенк, ако секогаш ги цените вашите партнери, тогаш можете да ги надминете тешките времиња.

.